ДЕМИСТИФИЦИРАЊЕ НА ВИДОВИТЕ РАБОТНИ МЕСТА ЗА СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА.

Вовед
Пред една македонска компанија да објави работа за странски работник, таа мора да ги разбере спецификите на позицијата и правилата што ја регулираат.
Има многу работни места достапни за странци во Северна Македонија. Но, внимавајте! Воспоставени се многу правила за заштита на македонските работници, постојаните жители и новодојденците. Затоа, императив е работодавците да ги разберат различните видови работни места што можат да се пополнат со странски работници и правилата што ја регулираат секоја од нив.
Странски работници
Програмата за вработување на странски работницие создадена за да им овозможи на македонските работодавци да ангажираат странски работници во случај на привремен недостиг на работна сила. Сепак, прво мора да се докаже дека е невозможно да се пополнат овие позиции со македонски граѓани или постојани жители.
АВРМ дефинира 4 (четири) категории на работни места: работни места со основно, средно, више и високо обрзование
Од гледна точка на владата, постојат 4(четири) класи на странски работници.
Прва категорија
Оваа категорија ги вклучува сите работни места со завршено основно образование кој ги вклучува општите работници, работници во производство во едноставни процеси, хигиеничари и други категории кои не бараат соодветно стручно образование.
Втора категорија
Оваа категорија ги вклучува сите работни места со завршено средно образование кој ги вклучува различните занаетчиски работници, различни категории на возачи, електричари, водоинсталатори и различни категории на градежни работници, угостителски работници и работници во посложени процеси на производство.
Трета категорија
Оваа категорија ги вклучува сите работни места со завршено средно и вишо образование кој ги вклучува различните техничари, работници на повисоки позиции во продажба, оператори.
Четвра категорија
Оваа категорија ги вклучува сите работни места со високо образование, вклучувајќи и после дипломски студии кој ги вклучува различните инжинери, програмери, професори и други категории на високо квалификувани работници.
Како општо правило, многу работодавци сметаат дека е попривлечно да инвестираат во меѓународен процес на регрутирање за ниско платени работни места. Всушност, полесно е да се добијат дозволи и често е попрофитабилно, бидејќи тие работници можат да се вработат подолго, па дури и евентуално да аплицираат за постојан престој.
Закажете состанок со советниците на Wise Hunters International за да ја процените вашата моментална ситуација и да одредите дали ангажирањето странски работници е исплатлива инвестиција за ВАС!
"Дали ви треба помош за планирање и спроведување на овие мерки за интеграција? Можеме да ви помогнеме! "


